На 29.09.2025 во 20:44 часот во СВР Скопје, од Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен С.К.(51) од Скопје, кој подоцна е пренесен во приватна болница за укажување на лекарска помош.
Според пријавеното со повредите се здобил, додека извршувал работни задачи во Национална установа Македонска опера и балет.




