Скопската чаршија останува посиромашна. На 84-годишна возраст почина Џемо Дестан, човекот кој со својот талент и топлина на срце го направи името „Дестан“ легенда на градот. Децении наназад, тој беше препознатлив лик меѓу мирисот на ќебапи и веселиот шум на чаршијата, каде секој гостин се чувствуваше добредојден.

Џемо не беше само мајстор на решетката – тој беше срце и душа на местото. Со шеги, разговори и насмевки што греат, остави трага која ќе се памети долго по неговото заминување. Со него се затвора едно поглавје од старото Скопје, но неговата добрина, љубезност и страст кон занаетот остануваат како наследство за идните генерации.
На семејството – искрена жалост.
Нека спокојно почива, а сеќавањето на Џемо да остане живо меѓу сите кои го познаваа и го почитуваа.




