Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако скокнал од прозор од полициска станица, информира МВР.
-Вчера во 20:15 часот во СВР Скопје, Ж.Ф. од Скопје пријавила дека нејзиниот брат, 31-годишниот Д.Ф. физички го нападнал нивниот татко, 62-годишниот И.Ф.. Д.Ф. бил приведен во Полициската станица Бит Пазар. Во просторијата во која бил сместен скокнал и успеал да скрши прозорско стакло, при што се самоповредил. Тој бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Се работи на расчистување на случајот – велат од МВР