Во Скопје денес се одржува неформален состанок на балканските земји членки на НАТО.
Поради овој состанок кој се одржува во главниот град, речиси целиот сообраќај е во колапс, а полициски хеликоптери го надлетуваат небото над нашиот град.
На состанокот присуствува и генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг кој е во посета на нашата земја од вчера.
Во Скопје присутни се и премиерите на Албанија, Црна Гора и Хрватска, со што безбедноста од вчера е на повисоко ниво.