Скопје и вечерва е меѓу градовите со највисоко ниво на загаденост, покажуваат податоците од платформата на Министерството за животна средина air.moepp.gov.mk. Според најновите измерени вредности, концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот во центарот на Скопје изнесува 276 µg/m3, што е највисока вредност меѓу сите мерни станици во земјава.

Во други делови на државата, загаденоста исто така останува висока: во Струмица е регистрирано загадување од 178 µg/m3, во Кичево 158 µg/m3, во скопската населба Лисиче 152 µg/m3, во Гостивар 118 µg/m3, а во Охрид 110 µg/m3.

Овие вредности ги надминуваат дозволените граници, особено во центарот на Скопје, каде што концентрациите се екстремно високи. Да потсетиме, Скопје утрово беше седми на светската листа на градови со најзагаден воздух.