На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 173 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 50 санкции, а 10 за возење без возачка дозвола.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера од казните, 14 санкции за користење мобилен телефон, 64 санкции за непрописно паркирање, три санкции за минување на црвено светло, шест санкции за некористење сигурносен појас.
МВР најави продолжување на засилените акциски сообраќајни контроли и апелира граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.