Македонски стартап компании ќе може да ги претстават своите идеи пред германската индустрија.
Своите идеи во Скопје ќе ги презентираат пред главниот оперативен директор на „Бетахаус“, а менторска помош и поддршка за подготовка на својата идеја ќе им овозможи Фондацијата проф. д-р Димитар Стамболиев и Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, преку програмата „BETAPITCH“
Избраните 10 до 12 старт-ап компании, кои ќе бидат дел од менторирањето, што ќе се одржи на 6 и 7 октомври, во просториите на ИНОФЕИТ на Факултетот за електротехника и информациски технологии.
Најдобриот стартап ќе добие бесплатно патување на BETAPITCH Global & Investors Day на 15-ти ноември 2018 година во Берлин, Германија, каде ќе може да ја презентираат својата идеја – продукт пред германската индустрија и да изградат деловни односи со стартап скаути од сите поголеми германски мултинационални компании.
Стартап компаниите, со свои идеи, може да аплицираат на https://www.betapitch.net/