Скопје Сити мол е прв трговски центар во земјава каде што е поставена станица за полнење електрични и приклучни хибридни возила.
Полначот се наоѓа во жолтата зона на подземната гаража на трговскиот и на сопствениците на електрични возила им нуди можност за бесплатно полнење и паркирање за време на престојот во „Сити мол“.
Со поставување на полначот, ЕВН продолжува да ја шири мрежата на јавно достапни полначи за електрични возила која сега има повеќе од четириесет.
-Секој кој поседува електричен автомобил може да го полни без надомест. Голема благодарност до ЕВН што ја препознаа потребата да се постави ваков полнач во „Сити мол“ со оглед на тоа што електромобилните возила се иднината на автомобилската индустрија, знаејќи дека овој тренд полека но сигурно доаѓа кај нас и регионот, изјави Валентина Николовска, менаџер во ТЦ „Скопје Сити мол“.
За да ја користат станицата, сопствениците на електрични возила претходно треба да поднесат барање за електронска картичка за полнење и картичка за паркинг. Барањата за двете картички може да се поднесат на: parking@skopjecitymall.mk . Повеќе информации заинтересираните може да добијат на телефонскиот број: 072/256-913.