Пешак денеска е прегазен на улицата „Кирил и Методиј“ кај трговскиот центар „Рамстор мол“. Во него удрило возило „ауди“ со скопски таблички.

Повредениот е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Сообраќајката е пријавена во СВР Скопје во 11:20 часот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека увидот е во тек.