Шест лица на различни локации низ Скопје биле уапсени поради поседување на марихуана и кокаин.

„На 31.10.2019 во 00.10 часот полициски службеници од СВР Скопје на кеј „Димитар Влахов“ го лишиле од слобода О.Х.(27) од Косово, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

Тој бил приведен во Полициската станица Центар за понатамошна постапка.

На 31.10.2019 во 03.00 часот полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Боро Тодоровиќ“ ги лишиле од слобода Л.Д.(20) и Б.П.(30), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и дигитална вага.

Полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица Гостивар, на 30.10.2019, околу 18 часот, на ул.„Гоце Делчев“ во Гостивар го лишиле од слобода Н.Д.(33) од Гостивар, затоа што при преглед кај него пронајдени се хероин и кокаин.

На 31.10.2019 во 01.40 часот полициски службеници од СВР Скопје, на патот помеѓу с.Стајковци и с.Брњарци, ги лишиле од слобода С.Ј.(20) и М.С.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и семки од марихуана“ стои во извештај од полицијата

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.