Утре по повод празникот на трудот 1 Мај, односно заради закажаниот синдикален марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија, што ќе започне во 11 часот во Скопје, Одделението за безбедност на сообраќајот на патиштата при СВР Скопје ќе воведе посебен сообраќаен режим за непречено одвивање на манифестацијата долж најавената маршрута на движење на учесниците, соопшти МВР.
„Маршот е предвидено да започне пред зградата на ССМ на ул. “Мирче Ацев“ со движење: лево по ул. “Филип 2-ри Македонски“, десно по ул. “11-ти Октомври“, право по ул. “Димитрие Чуповски“, десно по ул. “Васил Главинов“, право по бул. “ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред објектот на Влада на РСМ во Скопје“ соопштуваат од МВР.
Од тие причини сообраќајната полиција ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајниците во централното градско подрачје. Наедно, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат учесниците на маршот.