Само на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 142 сообраќајни мерки, во рамки на засилените акциски сообраќајни контроли.
Од МВР денеска информираа дека од вкупниот број санкции, за непочитување на брзина на движење се 39, 11 санкции се за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни возила за јавен превоз.
– Изречени се пет санкции за користење на мобилен телефон, шест за минување на затворен семафор (црвено светло), пет за некористење сигурносен појас и 16 за непрописно паркирани возила, стои во соопштението од МВР.
Од МВР најавуаат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.