Во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот полицијата вчера изрече 175 санкции, од кои 26 за возење со брзина поголема од дозволената.

– На територијата на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 26 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 90 санкции за непрописно паркирање, соопши МВР.

Оттаму најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.