На територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 206 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции. Од МВР денеска информираа дека 20 прекршоци се за возачите на мотоцикли, а 15 за возење без возачка дозвола.
– Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, осум за возење под дејство на алкохол, пет за возач почетник, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила, 28 санкции за непрописно паркирање, стои во соопштението од МВР.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, најавуваат од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.