На територијата на град Скопје вчера изречени се вкупно 276 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 145 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, 38 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 10 за управување под дејство на алкохол, соопшти МВР.
Изречени се и пет санкции за користење мобилен телефон, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет за некористење сигурносен појас, осум за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири прекршоци што ги чинат пешаците, 45 санкции за непрописно паркирање.
– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се вели во соопштението на Министерството.