Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 36 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 470 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, соопштија денеска од Министерството за здравство,на интерните клиники имало вкупно 14 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца на Институтот за ТБЦ, тројца пациенти на Клиниката за дерматовенерологија. На ОРЛ се примени двјца нови болни, исто колку и во ковид центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 11 болни.

Во изминатите 24 часа, информираат од МЗ, дома се пуштени 39 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 24 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 102 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 144 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.

– Вкупно 470 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, се наведува во соопштението од МЗ.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот, информираат од МЗ, имало 46 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

– Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението од МЗ.