Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле вкупно 16 сообраќајни незгоди во кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, а 17 лица поминале со полесни повреди, покажуваат податоците од билтенот на СВР Скопје.
Во текот на вчерашниот ден во Скопје санкционирани се четворица возачи за управување на возило пред да се стекнат со тоа право, а еден возач за поминување крстосница на црвено светло.
Сообраќајната полиција издала 14 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 10 возила.