Во Германија е објавен личниот дневник на офицерот на Третиот рајх, Егон Оленхауер, во кој се опишани местата каде нацистите сокриле злато по повлекувањето од Полска.
Хитлер наредил да бидат сокриени 260 камиони со скапоцености, за сојузниците да не дојдат до нив, пишува Дејли меил.
Оленхауер бил клучна фигура во операцијата за криење на богатството и бил посредник меѓу нацистите и локалните аристократи.
Според дневникот, во една од скривниците се сокриени 28 тони злато, а во друга има скапоцености украдени од Франција меѓу кои и слики на Ботичели, Рубенс, Караваџо и Моне.
Записите на Оленхауер со десетлетија биле криени во масонската ложа во градот Кведлинбург.