Денеска во Скопје се одржува протест во поддршка на поранешните лидери на ОВК (УЧК), кои веќе речиси пет години се наоѓаат во притвор и им се суди пред Специјализираните совети во Хаг.

Протестот е закажан на плоштадот „Скендербег“, а го организираат здруженија произлезени од војната на Ослободителната војска на Косово.

Информациите со кои располагаме на овој протест има околу 2.000 до 2.500 луѓе со што ја покажува незаинтересираноста на Албанците за протестот на Али Ахмети и уште еднаш му праќаат порака дека нема место за национализам во Македонија, објави Курир.