Кремасто слатко задоволство кое брзо и лесно се подготвува …
Потребно е:
500 г бисквити со путер
1 л млеко
5 лажици шеќер
2 кесички пудинг од ванила
2 лажици брашно
2 лажици нишесте
1 маргарин или путер
4 лажици какао во прав
100 гр чоколадо за готвење
100 мл сок од портокал
1 кесичка шлаг
Подготовка:
– Во еден подлабок сад ставете ги шеќерот, брашното, нишестето и пудингот. Сипете малку млеко и изматете убаво.
– Остатокот од млекото ставете го во еден сад на рингла и оставете го да проврие. Додадете ја горната смеса и сварете го кремот со постојано мешање додека да се згусне.
– Кога ќе се излади кремот додадете го изматениот маргарин или путер и убаво измешајте. Кремот поделете го на три дела.
– Во едниот дел додадете го какаото во прав и убаво измешајте, во другиот дел изренданото чоколадо за готвење, а третиот дел нека остане жолт.
– И бисквитите поделете ги на три дела. Првиот дел од бисквитите натопете ги во сокот од портокал и наредете ги во еден слој во округол калап за торта.
– Одозгора ставете го филот со какао. Потоа наредете втор слој со бисквити и нанесете го жолтиот фил. На крај повторно слој со бисквити и одозгора слојот од чоколадо.
– Тортата украсете ја по желба со изматениот шлаг според упатството на кесичката.