Монсеф Слауи, главниот човек во тимот на американскиот претседател Доналд Трамп, за брзото производство на вакцината против коронавирус, рече дека првите Американци можат да ја примат вакцината на 11 декември.
Слауи рече дека тоа значи дека вакцината, доколку биде одобрена, може да се даде следниот ден.
– Нашиот план е да можеме да ги доставиме вакцините на местата за имунизација во рок од 24 часа по одобрувањето, па претпоставувам дека тоа би можело да биде вториот ден по одобрувањето на 11. или 12 декември, рече тој за Си-Ен-Ен.
Експертите велат дека на почетокот нема да има доволно вакцина за сите.
Групите со највисок приоритет, вклучително здравствени работници, стари лица и лица со други болести, ќе бидат првите кои ќе примат вакцина.