Оваа вечер и ноќ особено северната и источната половина ја чека силно невреме проследено со интензивен пороен дожд, електрични празења, засилен ветер и град а секако во зоната на нестабилноста се очекува и позначително количество на воден талог, во случај на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, информира метеорологот Славчо Попоски.
Поради падот на температурите на воздухот на високите планини врнежите од дожд ќе преминат во снежни врнежи. Ова предупредување се однесува секако и на овчарите кој во случај на електрични празнења своите стада овци да ги делат во помали групи со цел да ги зашитат.