Силен циклон над Атлантикот од денеска па во следните денови како над целиот Европски Континент па така и кај нас ќе услови стабилно, суво и натпросечно топло време, односно времето ќе биде сончево повремено со мала локална облачност, ветерот кој го имавме од северен правец од денеска ќе намалува на интензитет иако се уште ќе го има но со слаб до умерен интензитет.
Минималните температури на воздухот овој викенд кај нас на повеќе места ќе се спуштат под нулата, пораст на истите ќе има од понеделник, максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на значителен пораст и следниот период ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени и истите ќе бидат значително над просекот за овој дел од годината.
Во делови пак на Европскиот Континент, особено во северната половина од истите овие денови температурите на воздухот ќе бидат дури и за 15 степени повисоки од нормалните.
Ваквата ситуација во следните денови ќе услови топење на снежната покривка.