За политички монтиран предмет не може ништо друго да се очекува освен повторување на вообичаената судска пракса на Врховниот суд за одбивање на сите жалби и барања. Одбраната за случајот собраниските настани за „27 ми април“ разочарана од ваквото постапување, иако имаа надеж две години чекајќи ја одлуката на Врховниот суд. Сега дополнително велат ќе чекаат најмалку три месеци да напише, како што велат, ни малку издражни факти за ваквата одлука, се вели во прилогот на ТВ АЛФА.
„Од еден крем во судството се претвори во чорба, една обична. И после чекање од две години за да одлучи, така како што одлучи. Сега по старата добра пракса, ќе се чека уште најмалку два до три месеци на писмено да ја достави таа одлука. И немојте да очекувате многу правни образложенија во однос на таа одлука, него ќе имате едно генерално објаснување дека се што направиле Кривичниот и Апелација е засновано на закон, а се што е напишано во барањето за вонредно преиспетување е неосновано. Немојте да очекувате некое задлобочено образложение во овие предмети“ дециден е Сашко Дуковски – адвокат.
Дел од адвокатите ја очекувале ваквата одлука на Врховен со оглед на тоа дека владејачкото мнозинство во Законодавниот дом не ја поддржаа иницијативата за закон за амнестија на осудените од настаните на 27-ми април.
„Оваа одлука ми беше очекувана уште кога ја дадовме предлог-иницијативата за донесевање на законот за амнестија која што не беше прифатена од Собранието, за жал. Баш поради тоа таа иницијатива беше поднесена. Уште при таквото постапување од Апелациониот суд, уште тогаш беше јасно, особено додека оваа владејачка гарнитура е на власт јасно беше и дека Врховниот суд донесе одлука каква што донесена“ коментира за Алфа, Драган Пешевски – адвокат.
По сите исцрпени домашни правни лекови, апликациите до Судот за човекови права до Стразбур сигурно ќе следуваат бидејќи ниту највисоката судска инстанца не прифатила судењето да почне од почеток со квалификација на дела кои навистина биле сторени, а не тероризам.
„Морам да ви кажам дека одбраната со сигурност ќе поднесе апликации до Стразбур. Дали тоа ќе биде колективна, дали за секого поединечно тоа ќе видиме.. Се уште не сме контактирале, се уште ја немаме добиено одлуката. Кога ќе ја добиеме ќе одлучиме но можам да ви гарантирам дека предметот оди кон надворешни судови затоа што доверба веќе во овие внатрешните нема“ вели Драган Пешевски – адвокат.
„Невладините организации и институција нека се позанимава со фактот колкав е степенот на успех на правните лекови кои што се доставени до врховниот суд на Македонија. Јас ви гарантирам дека не е повеќе од 1 процент. Не може сите да бидат неписмени и неосновани. Тоа е една пракса на одбивање шт ое срамно на највисоката институција во судската власт. Секако по една ваква одлука ќе следува апликација до Стразбур“ вели Сашко Дукоски – адвокат.
Одбраната ќе се повикува на членовите 5 и 6 од Европската конвенција за прекршување на правото на фер судење пред непристастен суд кои според нив биле брутално прекршени.