Шоферот на Зоран Заев подметнува пожари, Македонија гори, а СДС и нивните апологети креираат атмосфера на паника, тоа е планот на СДС кој пропадна вчера. Ова е фотографија од која се гледа шоферот А.Н. како е дел од најтесниот круг на Зоран Заев, објавува Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

-Заев лаже кога вели дека А.Н. не му бил шофер. Од оваа фотографија, се гледа дека токму потпалувачот на пожари е дел од кругот на Заев кога тој ги предаваше бомбите во СЈО и кога по кажувања на нему блиски се опкружил само со проверени луѓе. Ако А.Н. бил проверен човек на Заев, и лице од највисока доверба не може, а да не прашаме по чија насока дејствувал сега кога ги палел пожарите? Шоферот на Заев е жив фатен, а со тоа и СДС, рече тој.

Лефков прашува: Има ли некој во државата кој верува дека шоферот на Заев постапувал на своја рака?

-Венко Филипче не може да излезе од ова. Венко Филипче има само една опција, да се огради од Заев и да го осуди палењето на пожарите кои ги прават нему блиски лица. Доколку Венко Филипче продолжи да молчи, само ќе потврди во целост, дека тој е едно со Заев, дека ја спроведува неговата политика и неговата агенда. Очекуваме од ЈО да не работи како до сега, и да не го штити СДС и нивните кадри кои ја палат државата со години. Очекуваме акција и соодветни казни, вели Лефков.