Слободан Бугарчиќ од српско Драгачево е казнет со 125 000 динари (околу 1000 евра) затоа што бил фатен како вози без дозвола.
Кон таа казна, се разбира, се додава и одземање на дозволата. Но, по проверката испаднало дека тој дозвола никогаш и немал и дека 45 години возел без дозвола – и службен и приватен автомобил.
Првиот автомобил го купил пред повеќе од четири децении во Приштина. Никогаш во овие 45 години не бил сопрен од полицијата. Се досега.