Репрезентациите на Шпанија и на Шведска ќе играат во осминафиналето на Европското првенство, додека Словачка и Полска се елиминирани по завршување на групната фаза.
Ова е епилогот од Е-групата по завршувањето на натпреварите од 3. коло, одиграни вечерва во Севилја и Санкт Петербург.
Шпанија пред своите навивачи ја декласира Словачка со 5:0, додека Шведска на руска територија ја совлада Полска со 3:2.
Табела: Шведска 7 бодови, Шпанија 5, Словачка 3, Полска 1.
Во осминафиналето Шпанија ќе се соочи со Хрватска на 28 јуни во Копенхаген, додека Шведска со третопласираната селекција од Б, Ц или Д групата