Во Словачка е прогласена вонредна состојба поради епидемијата на коронавирус, изјави вечерва словачкиот премиер Петер Пелегрини.
Владата во Братислава наложи од утре затворање на сите продавници, освен оние за храна, аптеките, банките, бензиските станици и поштите.
Пелегрини истакна дека најверојатно фабриката на Фолксваген, кај Братислава, ќе го прекине производството на автомобилски делови утре или во следните денови.
Во Словачка се регистрирани 61 случај на заразени лица со коронавирус.