По Полска, и словачкиот Парламент денеска го ратификуваше Проколот за членство на Македонија во НАТО.
Со ова Словачка е 11-та земја-членка на НАТО што го ратификуваа Протоколот.
– Парламентите на Полска и Словачка го ратификуваа протоколот за пристапување на С. Македонија во НАТО. Одиме чекор по чекор кон целта – Македонија, членка на НАТО, објави денеска на својот профил на Фејсбук министерката за одбрана Радмила Шекеринска.
Претходно денеска полскиот Парламент го ратификува Протоколот. За ратификација на Протоколот гласаа 388 пратеници, еден беше против, а двајца воздржани.
Прва држава што го ратификуваше Протоколот беше Грција, а по неа тоа го сторија и Словенија, Албанија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Романија, Литванија, Данска и денеска Полска и Словачка.
Земјите-членки на НАТО на 6 февруари го потпишаа Протоколот за пристапување во Алијансата. По ратификацијата на Протоколот во парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, Македонија и официјално ќе стане полноправна членка.