Властите на Словачка го уапсија словачкиот бизнисмен Мариан Коцнер под обвинение дека минатата година нарачал убиство на новинарот Јан Куциак и неговата свршеница Мартина Куснирова.
Куциак пишуваше за поврзаноста на тамошната политичка и бизнис елита со италијанската мафија, а убиен е во февруари, минатата година.
Поради големите протести кои се случија по убиството, премиерот Роберт Фицо даде оставка.