Првата дама на САД Меланија Трамп беше почестена со дрвена статуа во природна големина во близина на градот Севница во Словенија каде што пораснала, но локалните жители велат дека таа статуа претставува „срамота”.

Првата статуа на Меланија Трамп во нејзината родна земја ја дизајнираше американскиот уметник Бред Дауни, кој ангажираше локален уметник Алес Зупевц, познат како Макси, да ја изработи и постави по реката Сава.


Статуата воопшто не личи на првата дама, но, како што наведува ИТВ, барем фустанот и е во сина боја, светло сина, како оној кој Меланија го носеше на инаугурацијата на Доналд Трамп.

Цртите на лицето изгледаат како да ги цртало дете, изразот на лицето е намуртен, а облините на телото се недефинирани. Статуата „мавта” со лева рака.

Локалните жители, иако се горди на најпознатиот експонат во градот, воопшто не се задоволни од сличноста на статуата со Меланија Трамп.
„Воопшто не личи на Меланија. Личи на Штрумфета. Тоа е срамота”, вели еден од жителите кои се собраа на откривањето на статуата.