Во Македонија започна постапка против осомничените за трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“, кој однесе 59 животи. Судот им одреди 48-часовен притвор на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши и на уште седум други лица, пишува Сара Ковач во словенечкиот опозициски медиум Нова ТВ24. Во написот, понатаму се вели:

Во регионот често сме сведоци на долги процеси каде институциите не носат конкретни одлуки со месеци, па дури и со години. Во Македонија, сепак, правдата очигледно не доцни – одговорноста се утврдува веднаш, а институциите покажуваат целосна посветеност на транспарентноста и законитоста. Додека во некои земји жртвите и нивните семејства со години чекаат правда, Македонија покажа дека институциите можат да дејствуваат брзо и одлучно.

Државното обвинителство го истражува Бекташи за неправилности при издавањето дозвола за ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани, кој изгоре викендов, пишува Балкан инсајт. Надлежните се сомневаат дека дозволата за работа која му била издадена на клубот била фалсификувана. Утврдено е дека има документ за лиценца со службен печат на министерството и потписи, но лиценцата не е евидентирана во централниот регистар на лиценци. Бекташи го водеше министерството во времето кога беше издадена лиценцата.

Краткотраен притвор одреди судските органи и за поранешниот прв човек на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски и поранешниот директор на Управата за заштита и спасување Беким Максути.

Но, на дневен ред не е само Министерството за економија. Надлежните истражуваат и за МВР, Државниот пазарен инспекторат, Управата за заштита и спасување и други органи кои овозможиле функционирање на клубот.

„Јавноста ќе се згрози… кога ќе види за кои суми се издадени одредени документи и како незаконски биле внесени одредени дозволи во нив, спротивно на сите правила и прописи за нормално функционирање на кабаре или ноќен клуб“, изјави пред новинарите министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата „без разлика кои се, од која институција доаѓаат, на која функција имаат, на која партија припаѓаат или на која професија и припаѓаат“.

Додека јавноста во другите земји се соочува со фрустрации поради бавноста на институциите, Македонија покажува како треба да функционира одговорен систем – со брза реакција, јасен став дека нема да има толеранција за неодговорност и подготвеност веднаш да се преземат сите неопходни мерки за заштита на граѓаните.

Посебно внимание заслужува брзината на спасувачките екипи – на местото на несреќата пристигнаа медицински екипи во рекордно време, а државните болници обезбедија итна и квалитетна помош за повредените.

Во пожарот животот го загубија 59 лица
За потсетување, минатата недела, во раните утрински часови, избувна пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во македонскиот град Кочани, на околу 100 километри источно од Скопје. Пожарот на покривот го запалиле искри, дел од настапот на гостинска хип хоп група. Настанала паника, бидејќи посетителите сакале веднаш да го напуштат местото. Дирекотоорката на локалната болница Кристина Серфимова, откри дека повеќето од жртвите од пожарот загинале во стампедото.