Синдикатот на словенечките полицајци најави за денеска заострување на својот бел штрајк во неизвесните преговори со владата околу зголемување на платите.
Полицијата е во т.н. бел штрајк веќе еден месец, а синоќа објавија дека „со заострени штрајкувачки активности“ ќе почнат денеска во 11 часот на граничните премини Обрежје и Грушковје кон Хрватска.
Владиниот претставник за преговори со јавниот сектор Петер Погачар изјави дека до полицискиот синдикат во текот на утринскит часови ќе испрати нов компромисен предлог во врска со платите во полицијата и дека желба на владата е да почнат за тоа нови преговори в четврток со молба белиот штрајк да не ескалира и да се постигне конечен договор.