Словенечките епидемиолози не и препорачуваат на Владата да воведе задолжителна вакцинација против Ковид-19.

Експертите кои дејствуваат во рамките на словенечкиот Национален институт за јавно здравје (НИЈЗ) и предлагаат на Владата да ги заостри условите за работа и за движење поради зголемениот број на заболени лица со сојот Омикрон.

Словенечката Влада уште минатата есен одлучи да воведе задолжителна вакцинација за вработените во државните институции, но одлуката беше оспорена и суспендирана од Уставниот суд.

Во Словенија во изминатите 24 часа регистрирани се 7.420 лица инфицирани со Ковид-19, што е нов рекорд на дневно ниво.

Исто така е зголемен бројот на активни случаи – 45.473, a 14-дневната инциденца изнесува 2.156. Седумдневниот просек на нови инфекции забележа раст од 123 проценти и сега изнесува 4.412.