Премиерот на Словенија, Роберт Голоб во интервју за бриселскиот портал Политико изјави дека неговиот десничарски изборен ривал Јанез Јанша сака да ја распадне Европската Унија.
Според Голоб, Европа се соочува со две клучни гласања парламентарните избори во Словенија, што се закажани на 22 март и парламентарните избори во Унгарија, што ќе се одржат на 12 април.
Станува збор за двете земји. Ако успееме да победиме и во двете, мислам дека тоа би бил апсолутно најдобриот позитивен знак за Европска Унија, посочи Голоб.
Тој ги претстави изборите во двете земји како можност „проевропските сили да го уништат растечкото популистичко движење на континентот“, меѓу кои и поранешниот трикратен премиер Јанша.
Според Голоб, поранешниот словенечки премиер е најблизок сојузник на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Додека чешкиот и словачкиот премиер Андреј Бабиш и Роберт Фицо не се сојузници на Орбан туку само „своевидни суверенисти“.
Значи, тие делат слични ставови, но постои една голема разлика. Орбан прави сè што може за да ја распадне Европската Унија. Другите двајца не. А, Јанша ќе биде целосно на страната на Орбан, што значи дека двајцата ќе се обидат да ја распаднат самата ЕУ. Тоа е всушност опасноста или битката во која се наоѓаме сега, посочи Голоб.
фото: архива




