Еден 22-годишен Словенец убил тројца роднини во местото Јанче кај Љубљана, а потоа извршил самоубиство, јави агенцијата СТА.
Злосторството се случило синоќа околу 21 часот, а според првите информации, мажот со ладно и огнено оружје убил тројца блиски роднини на возраст од 26, 56 и 60 години.
По интервенцијата, полицијата го пронашла телото на осомничениот на местото на злосторството.
Повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на денот.