Словенечкиот Парламент го усвои седмиот по ред „против-корона“, законски пакет што предвидува 320 милиони евра помош и субвенции за граѓаните и економијата. Пакетот помош ја продолжува мерката за субвенционирање на чекање за работа.
Таа мерка може да ја користат работодавците чии приходи се намалени за повеќе од 20 проценти поради кризата предизвикана од епидемијата на Ковид-19.
Обезбедени се и субвенции за минимални плати, чиј износ е зголемен на 1.024 евра бруто годинава, а државата им помага и на компаниите да плаќаат придонеси.
Работодавачот кој добива субвенција за исплата на минимална плата, не може од деловни причини да го отпушти работникот дури три месеци откако ќе го загуби правото на субвенција.
Усвоениот закон предвидува и додаток за криза од 200 евра за оние кои во декември не добиле божиќен бонус од работодавачот со платата.