Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека втор ден по ред во земјата не се регистрирани новозаразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Вчера се направени вкупно 616 тестирања, а пореди потешка форма на болеста почина уште едно лица. Намалување има на бројот на лицата кои болнички се лекуваат од Ковид-19, па така низ медицинските центри во земјата моментално се хоспитализирани 58 пациенти.
– Сакам да им се заблагодарам на сите они кои придонесоа да имаме вакви добри резултати во борбата со коронавирусот, изјави на редовната прес-конференција портпаролот на Владата Јелко Кацин.
Кацин се осврна и на работењето на верските објекти, за кои кажа дека се обврзани да ги почитуваат сите безбедносни протоколи со цел да се спречи повторно појавување на заразени со вирусот.