Вкупно 95 припадници на резервниот состав на словенечката армија се пријавија доброволно да се приклучат на единиците каде што има недостаток на кадар потребен за обезбедувањето на границите и справување со пандемијата на коронавирусот, соопштија од Министерството за одбрана на Словенија.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, овие војници од резервниот состав веднаш ќе добијат задача да ги обезбедуваат објектите на армијата што се од витално значење, а дел заедно со полицијата ќе патролираат на јужната граница кон соседна Хрватска.
Инаку, актуелниот премиер Јанез Јанша кога беше во опозиција на Собранието му предложи да изгласа Закон со кој во земјата би се вратило редовното служење на воениот рок. Ваквиот предлог не доби поддршка од доволен број пратениците. Сега неговата партија инсистира армијата да добие посебни овластување со цел, како што објаснуваат од Словенечката демократска партија (СДС), да може поуспешно да се справи со евентуалниот нов мигрантски бран, а полицијата да се посвети на спроведување на мерките во борбата со коронавирусот.