Словенците забележаа два порази од Шведска и Португалија, но денеска успеаја да реагираат и да ја запишат првата победа, со која им остануваат теоретски шанси за пласман во последната фаза на шампионатот.
Балканската селекција најголем дел од задачата реши во првото полувреме, во кое целосно ја надигра Холандија и само потврди дека „лалињата“ се најслаба репрезентација во оваа група 2.
Словенците ги добија првите 30 минути со 19:13 и си ги најавија првите два бода во втората фаза, па иако не одиграа на исто ниво во продолжение, сепак лесно го одржуваа водството.
Фаворитот на крајот победи со 37:34, натпревар на кој по четири гола постигнаа Цехте, Хорзен и Маргуч.