Словенија прогласува крај на епидемијата.
Владата најави дека по 15 месецов повеќе нема да ја продолжува состојбата на епидемија, што беше прогласена во вториот бран на 18 октомври.
Сепак некои епидемиолошки мерки ќе останат на сила. Ограничувањата за бројот на присутни во затворено, остануваат во сила, а условите за присуство на концерти и други настани остануваат негативен тест за коронавирус или целосна вакцинација.
Во земјата за едно деноноќие се регистрирани само 24 новозаразени со коронавирус. Со 1.023 ПЦР тестови потврдени се 24 инфекции или 2,3 проценти.
Во Словенија досега починаа 4.406 луѓе од вирусот, а имаат над 250.000 потврдени случаи.