Denesen.mk
21.02.2026.
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни
  • Македонија
  • Економија
  • Свет
  • Историја
  • Религија
  • Здравје
  • Спорт
  • Магазин
  • Колумни

НИКОЛОСКИ: Забрзано се гради автопатот Гостивар – Букојчани, прв пат градежништвото во независна Македонија бележи раст од 21 отсто

МИЦКОСКИ: На Македонија местото и е во ЕУ, но екс корумпирани и мекотели лидери ја доведоа наместо за иднината да зборуваме за минатото

МАНАСИЕВСКИ ЗА „ПУПКАТА НА ЗАЕВ“: Ако денеска не судиш по „законот на Заев и Ахмети“ од утре не си судија во Врховниот суд

АХВ: Запленета и уништена повеќе од еден тон небезбедна „здрава храна“ од 14 оператори, кај двајца оператори била со непознато потекло

ЕУ СЕ ЧИСТИ ОД ДИЗЕЛАШИТЕ: Раст од 45 пати кај електричните возила, за 10 години 60 отсто раст на бензинците и на хибридните

Свет

Словенката која си ја отсече шаката заради измама, осудена на две години затвор

/ 11.09.2020
Share
Словенката која си ја отсече шаката заради измама, осудена на две години затвор
Во Словенија денеска и беше изречена пресуда на 22-годишната Јулија Адлешиќ, која е обвинета за намерно отсекување на шаката поради пари од осигурувањето.
Обвинението ги товари првообвинетата Јулија Адлешиќ, нејзиниот партнер Себастијан Абрамов и неговите родители Тинка Хускиќ Колариќ и Горазд Колариќ за обид за измама со осигурување.

Според словенечките медиуми, таа и нејзиното момче се прогласени за виновни. Нејзиното момче доби три години затвор, а Адлешиќ две години затвор. Според 24ur.com, ќе биде вклучено и времето што го поминале во домашен притвор.

Горазд Колариќ, таткото на Абрамов, е осуден на една година условна казна, а Тинка Хускиќ Колариќ, мајка, беше ослободена.

Адлешиќ тврдеше дека несреќата се случила на почетокот на 2019 година откако со циркуларна пила си ја отсекла шаката. Таткото на Себастијан прв дотрчал на местото на несреќата и повикал брза помош, но тој ја оставил отсечената шака на местото на настанот, пишуваат медиумите.

Дваесетгодишната девојка пред судот во Љубљана пред неколку дена изјави дека не сторила ништо намерно и дека досега немала никакви проблеми со законот освен возење без појас.

– Никој не сака да стане инвалид. Да можам, ќе го вратам времето и нема ни да се доближам до таа пила, рече таа пред судот. Таа побара од судијата да ја ослободи од домашен притвор, пишува 24ур.

 Девојката ја изгуби шаката на 4 јануари 2019 година. Неколку дена по несреќата, таа побара исплата од осигурувањето, но беше обвинета за измама.
Обвинителството тврди дека тие испланирале сè уште во 2018 година и дека потоа склучиле договор за осигурување со неколку осигурителни компании. Во овој случај, поради попреченост, Јулија требала да добие над еден милион евра, од кои дел ќе добиеше веднаш, а дел во форма на постојан месечен приход. Исто така, обвинителството тврди дека нејзиното момче пребарувал на Интернет за вештачката, биомеханичка рака пред несреќата, што одговара на тезата дека сè било испланирано.
Share this...
Share on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Share on LinkedIn
Linkedin

Од истата категорија

МАКРОН ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Треба да се размислува смирено, реципроцитет e најфер правило, а не потчинување на еднострани одлуки

ВОЗДУШНА ОДБРАНА НА САД: Наши воени авиони кај Алјаска пресретнаа пет руски, кои не го нарушија суверенитетот на САД и Канада

ТРАМП: Голема чест ми е да потпишам во Овалната соба глобална тарифа од 10 проценти за сите земји, која стапува во сила речиси веднаш

МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ: Протест на опозицијата во Тирана, Бериша му порача на Рама дека деновите му се избројани

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“

ТРАМП ЗА ВРХОВНИОТ СУД: Смешни се, велат не смеам да наплатам еден долар повеќе од друга земја, но смеам да прекинам секаква трговија со таа земја

Најнови вести

НИКОЛОСКИ: Забрзано се гради автопатот Гостивар – Букојчани, прв пат градежништвото во независна Македонија бележи раст од 21 отсто


МИЦКОСКИ: На Македонија местото и е во ЕУ, но екс корумпирани и мекотели лидери ја доведоа наместо за иднината да зборуваме за минатото


ПОЖАР ВО КОЧАНИ: Паника предизвика огнот кој избил во угостителски дуќан во трговскиот центар, пожарникарите брзо го изгаснале


МИЦКОСКИ: Нема предвремени избори, немам информација за новата партија на Лимани, нема одлука за изборот на јавен обвинител


Denesen.mk
  • Импресум
  • Маркетинг
  • Контакт

Copyright © 2018 ЕМ Медиа ДООЕЛ