СЛУЧАЕН ИЗБОР ИЛИ ПОРАКА : Вратоврската на кралот Чарлс со грчкото знаме предизвика полемика на самиот во Дубаи

/ 02.12.2023

Изборот на вратоврската на британскиот крал Чарлс на конференцијата COP28 во Дубаи поттикна шпекулации дека станува збор за шифрирана порака наменета за британскиот премиер Риши Сунак.

Изборот на вратоврската на британскиот крал Чарлс на конференцијата COP28 во Дубаи поттикна шпекулации дека станува збор за шифрирана порака наменета за британскиот премиер Риши Сунак, бидејќи кралската вратоврска имала шема заснована на грчкото знаме во време кога е во ек спорот меѓу британскиот и грчкиот премиер поради скулптурите од Партенон кои британската влада ги однела во Велика Британија пред повеќе од 200 години.

Бакингемската палата сугерира дека изборот на кралот на вратоврската е резултат на случаен избор на облека, пренесува Би-Би-Си.

Извори блиски до британското кралско семејство истакнаа дека кралот Чарлс ја носел истата вратоврска на самитот COP28 во Дубаи во петокот за време на состанокот со делегацијата на Јужна Кореја.

Истите извори тврдат дека вратоврската што ја носел кралот на средбата со премиерот Сунак немала никаква врска ниту со Грција, ниту со дипломатскиот спор околу скулптурите однесени од Грција во Велика Британија.

Грчко-британскиот спор е дали скулптурите, познати и како Елгински мермери, мора да бидат вратени во Атина.


Од истата категорија