Во Франција се води судски процес за ужасниот случај со масовното силување на 71-годишната Жизел Пеликот, која цела деценија ја дрогирал нејзиниот сопруг Доминик Пеликот (71), а исто така повикувала непознати да ја силуваат.
Пеликот често снимал вакви сцени, а во последниве недели се појавија признанијата на обвинетите за ова грозоморно злосторство.
Сега се објавени идентитетите и занимањата на криминалците, пренесува францускиот медиум NZ Herald.
Меѓу нив се мотоциклистот Хјуг Малаго (39), земјоделскиот работник Енди Родригез (37), Матје Дартус (53), пензионираниот пожарникар Жак Кубо, ИТ работникот Лионел Родригез (44), сликарот Хусаметин Доган (43) и Тиери Парисис (54), локален бизнисмен.
Седумте се дел од пошироката група од околу 50 мажи кои биле регрутирани преку Интернет повеќе од една деценија од Доминик Пеликот, пензиониран електричар сега познат како „Чудовиштето од Авињон“, кој ги поканувал во својот дом за да ја силуваат сопругата, откако ја онесвестувал со силни седативи.
Jätiste pildil kujutatud mehi ühendab see, et nad on kohtu all, süüdistatuna teadvusetu võõra naise korduvas vägistamises. Naine on 71-aastane Gisele Pelicot, keda tema abikaasa Dominique Pelicot, ilma tema teadmata uimastas ja seejärel kutsus teisi mehi oma majja naist vägistama pic.twitter.com/eqaJLdx86i
— kadi estland (@EstlandKadi) September 26, 2024
Некои обвинети тврдат дека Пеликот ги измамил кога ги убедувал да ја силуваат Жизел, но тој при признанието потврдил дека бил силувач, но дека и сите други соучесници биле силувачи како него.