Колку глупава изјава на Ковачевски, се вели во објавата на Фејсбук на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, а се однесува на премиерот кој денеска кажа дека немало потреба од државна интервенција во Слупчане, тоа било проблем на приватна компанија.
Па и Алкалоид, Жито-Лукс, Макпетрол, и Дрекслермаер и Ван Хол се приватни компании …, и замислете група граѓани да ги блокира, да им го запре производство, услугите или да им ги оштетува објектите Со оваа изјава премиерот само покажува колку тој е немоќен актер во извршната власт, но за жал испраќа и лоша порака на имотна и правна несигурност која државата не може да им ја гарантира на компаниите на секој дел од својата територија, истакна Милошоски.