„Службен весник“ веќе нема да ги објавува указите и решенијата на претседателот на државата Ѓорге Иванов, кој не го менува називот од претседател на Република Македонија во претседател на Република Северна Македонија, објави скопски Курир. На интернет страницата на претседателот на Република Македонија сѐ уште ништо не е променето.
Владата, министерствата, владините агенции веќе се заведени во Централниот регистар со новите имиња кои во вторникот ги објави Владата поради уставните измени.
Минатата недела во „Службен весник“ беа објавени указите на Иванов за одликување, унапредување и поставување воени претставници во странство. Иванов потпиша указ и за поставување одбранбено аташе во Франција и воен претставник во НАТО во Брисел како претеставници на Република Македонија.