Најмалку 14 луѓе загинаа, а десетици се повредени во сообраќајна несреќа во Брегот на Слоновата Коска.
Несреќата се случила кога се судриле два автобуса кои биле во поворка зад погребното возило.
Погребот бил за една жена од Европа, а присуствувале странски државјани, но не е соопштено од која земја се, ниту дали настрадал некој од нив.