Најмалку 11 лица починаа на Филипините, а над 300 се згрижени в болница, откако пиеле вино од кокос, што, меѓу другото, се консумирало и на божиќните забави, соопштија денеска локалните власти.
Труењето се случило во покраините Лагуна и Ќезон, јужно од главниот град Манила. Некои од заболените самите го купиле виното, а други го добиле како подарок од локалните власти за празниците, соопшти Министерството за здравство.
Нерегулираното производство и продажба на, инаку – популарниот пијалак Ламбаног, е вообичаена на Филипините. А, често се прави и нелегално, со ставање штетни и опасни додатоци.