До крајот на денов локално ќе провејува слаб снег и ќе има позначителна облачност. Ќе продолжи да дува умерен ветер од северен правец, јавува Славчо Поповски.
Во ноќните часови облачноста ќе започне да се намалува па така утре (петок) утрото ќе биде многу студено со многу ниски температури на воздухот кој ќе се спуштаат во интервалот од -10 до 0 степени, на високите планини (над 2000 метри) истите ќе се спуштаат дури до околу -15 степени.
Потоа во следните денови следува период на постабилно и релативно суво време додека во текот на следната недела поради јужно воздушно струење очекуваме и значителен пораст на температурите па така максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.