Снежните врнежи го отежнаа патниот сообраќајот, кој се одвива по претежно влажни коловози, во западните делови од државата со остатоци од кашест снег, а на дел од патиштата со забрани за камиони и намалена видливост. На Меѓународниот аеродорм Скопје се реализираат предвидените полетувања и слетувања.
Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка, Маврово, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец. Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 метри до 100 метри во Страцин и на планинскиот премин Буково, информира Автомотосојузот на Македонија.
Од 07:35 часот изутрината се воведува забрана на движење за тешки товарни возила и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка.
Во сила се забрнате за камиони воведени ноќеска поради обилни врнежи од снег на патот Дебар – Маврови Анови и обратно и преку планинскиот превој Стража.